дома Црна хроника Приведен скопјанец, во „сканиа“ превезувал мигранти

Приведен скопјанец, во „сканиа“ превезувал мигранти

54

На 16.10.2023 околу 20.40 часот на локалниот пат с.Стојаково-Богданци, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа“ со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



ПредходнаЕСМ: Најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода добија парно
Следна„Ако се родат чувства“ од Блаже Миневски промовирана во Кочани