Provereno

nie znaeme…

Израел да размисли пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат






Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат.

„Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка“, напиша Кадиров на Телеграм.

„Не ги провоцирајте луѓето. Немојте да се потсмевате и да ги поттикнувате муслиманите ширум светот да се одмаздат. Тоа ќе ве чини илјада пати повеќе од потенцијалната добивка на која се надевавте. Размислете пред да направите една од најголемите и најфатални грешки во вашата историја“, додаде тој.

Според него, „Израел си дозволува премногу и се заканува да избрише цел народ од картата“.

Претходно, чеченскиот лидер му замери на Западот за двојни стандарди во арапско-израелскиот конфликт.

Тој смета дека ситуацијата на Блискиот Исток би била поинаква доколку другите шефови на држави, по примерот на рускиот претседател Владимир Путин, ја почитуваат религијата и ја штитат од напади. Тој е убеден дека тогаш конфликтот би бил избегнат.

МИА

– Реклама –








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *