дома Свет Бајден го предупреди Нетанјаху да ги почитува „законите на војната“

Бајден го предупреди Нетанјаху да ги почитува „законите на војната“

59

Би-Би-Си

Говорот на претседателот Бајден беше напишан за лично да се поврзе со тагата и шокот што ги чувствуваат обичните Израелци.

Тоа беше јазикот на солидарноста. Но, имаше и некои реални најави. Тој рече дека побарал од Нетанјаху да дозволи да помине помош за Газа од Египет.

Изгледа дека израелската влада се согласила да влезат некои ограничени видови на стоки. Тоа изгледа како пробив.

Но, да видиме дали овој пат навистина ќе се отвори преминот.

Состаноците траеја многу подолго од предвиденото.

Поголемиот дел од попладневните часови чекавме во подрумот на хотелот во Тел Авив, каде што лидерите разговараа, а се одржа и седница на израелскиот воен кабинет за итни случаи.

Бајден рече дека нема поголем приоритет од справувањето со прашањето за заложниците кои ги држи Хамас.

Но, „не можам јавно да зборувам за сите детали“, рече тој.

Пред разговорите, новинарите кои патуваа со делегацијата, добија индиции од американските официјални претставници за тоа кои ќе бидат точките на дискусија.

И запомнете, сето ова сè уште се случува пред Израел да го започне очекуваниот копнен напад, со трупи собрани на границите со Газа.

Претседателот Бајден упати предупредување до Израел да не биде „обземен од бес“, туку да ги почитува „законите на војната“.

Демократиите се разликуваат од терористичките групи бидејќи демократиите имаат вредности, рече тој.

– Мора да се вратиме на почетокот и да се потсетиме кои сме. Сите ние сме луѓе … Со достоинство, хуманост и цел.

Претходно, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Бајден ќе му постави на израелскиот лидер некои „тешки прашања“.

Тоа веројатно значи дека тој детално ги испитува конкретните цели на воената кампања.

Со оглед на тоа што оваа криза штотуку започна, Американците сакаат што повеќе информации за тоа каде може да заврши.

МИА

– Реклама –

ПредходнаДиректори на ФЗО и директор на сектор за контрола одговараа пред анкетната комисија за Онкологија
Следна„Западот не презеде ништо освен долевање масло на огнот“