Американската пејачка Бритни Спирс абортирала откако затруднела со канадскиот колега Џастин Тимберлејк, се наведува во исечоците од нејзините мемоари кои ќе бидат објавни на 24-ти октомври.
Новата книга на поп-ѕвездата под наслов „Жената во мене“ (The Woman in Me), делумно се фокусира на тринаестгодишното старателство од таткото, од што беше ослободена дури откако Џејмс Спирс под притисок од јавноста се откажа од тоа.
Џејмс Спирс тврдеше дека неговото старателство над ќерката била неопходна интервенција, којашто не само што ја спасила Бритни во нејзините најмрачни денови, туки и нејзината кревка врска со децата.
Џастин Тимберлејк не бил подготвен да стане татко и „не бил среќен“ поради фактот што Бритни е бремена, според исечоците од книгата објавени во магацинот People.
„Рече дака не сме подготвени за дете во своите животи“, се присетува Бритни.
Двете поп-ѕвезди беа во врска во доцните тинејџерски години, во периодот меѓу 1999 и 2002 година.
Џастин бил „толку сигурен дека не сака да биде татко“, пишува натаму Бритни.
Вели дека ни самата не знаела дали тој зафат бил исправна одлука. Доддава дека не би се решила на абортус, доколку изборот бил препуштен само на неа.
„За мене бременоста не беше трагедија. Толку многу го сакав Џастин. Отсекогаш верував дека еден ден ќе имаме заедничко семејство, но тоа едноставно беше многи порано отколку што очекував“, пишува пејачката.
BBC од Џастин Тимберлејк побарал да го коментира пишувањето на Бритни Спирс, но досега не добил никаков одговор.
Пејачката со вториот сопруг Кевин Федерлин, доби две деца, 18-годишниот Шон Престон и една година помладиот Џејден Џејмс.