дома Македонија Датумот за избори треба да го договорат сите партии, а не само...

Датумот за избори треба да го договорат сите партии, а не само две

58

Датумот на изборите треба да го договорат сите политички партии, а не само две, смета премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска изјави дека работните групи на партиите треба да го договорат терминот за избори и другите детали во врска со нив.

„Датумот на изборите е предмет на дискусија меѓу сите политички партии, а не само на две политички партии. И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прави согласно со закон и Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори“, рече Ковачевски.

Премиерот не одговори дали изборите би можеле да бидат на 8 мај, како што предлага опозицијата. Рече дека средби меѓу партиите треба да има и дека на нив треба да има општ договор меѓу работните групи на политичките партии, кои треба да разговараат за деталите за изборите.

„Сега зборуваме за детали за изборите. Прашањето за предвремени избори веќе не се на маса“, рече Квачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата за производство на сокови „Вива“.

Кога ќе бидат договорени деталите, како што рече, јавноста ќе биде информирана.

„Кога ќе биде договорено кога ќе бидат изборите, бидејќи имаме претседателски избори кои треба да се случат во одреден датум и имаме парламентарни избори кои имаат свои рокови кога треба да се одржат, тогаш ќе биде информирана и јавноста. Дотогаш се е на ниво на желби, на ниво на шпекулации, а јас никогаш не шпекулирам ни на ниво на желба, ни на ниво на шпекулација“, рече Ковачевски.

Премиерот изрази задоволство од работната група која работеше на измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но забележа дека во неа не учествувала ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници.

МИА

– Реклама –

ПредходнаТогаш ништо да не застарува и нека траат судските случаи по 50-60 години, вели Ковачевски во одбрана на измените на КЗ по застарувањето на „Таргет-тврдина“
СледнаХамас изведува воздушни напади од Газа, сè повеќе неуспешни ракетни лансирања, тврди Израел