дома Свет „Западот не презеде ништо освен долевање масло на огнот“

„Западот не презеде ништо освен долевање масло на огнот“

53





Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди Советот за безбедност на ОН поради неусвојувањето на резолуцијата за хуманитарна пауза во војната во Газа, јави Ал Џезира.

Турските напори за воспоставување смиреност во регионот се попречени од „колективното казнување“ на Палестинците преку воздушни напади и распоредувањето на американски носачи на авиони во регионот, рече Ердоган.

„Советот за безбедност на Обединетите нации, кој стана уште понеефикасен, уште еднаш не ја исполни својата одговорност. Западните земји, кои не оставаат непревртен камен кога станува збор за човековите права и слободи, не презедоа никакви чекори освен долевање масло на огнот“, истакна турскиот претседател.

Ердоган, исто така, го критикуваше „пристрасното и дволично“ медиумско покривање на конфликтот.

МИА

– Реклама –








ПредходнаБајден го предупреди Нетанјаху да ги почитува „законите на војната“
СледнаСАД ги проширија санкциите против Иран