дома Црна хроника Радовишанец за дадени 1.500, барал да му врати 6.000 денари

Радовишанец за дадени 1.500, барал да му врати 6.000 денари

59

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство’’.

Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари. Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон.

Откако го побарала да му ги врати парите, пријавениот и рекол дека ако сака да ѝ биде вратен телефонот потребно е да врати 6.000 денари наместо 2.500 денари, како што договориле.



ПредходнаСАД ставија вето на резолуцијата на ОН за Израел и Газа, Русија и Британија воздржани
СледнаРазузнавањето на САД покажува дека милитанти од Газа стојат зад експлозијата на болницата