дома Економија На Волстрит пад на индексот S&P 500 за над 1 отсто

На Волстрит пад на индексот S&P 500 за над 1 отсто

55

На Волстрит, индексот S&P 500 падна за повеќе од 1 отсто во средата, како и индексот Nasdaq, бидејќи приносите на американското Министерство за финансии повторно се зголемија и додека инвеститорите стравуваа од заострување на судирот на Блискиот исток.

Индексот Dow Jones загуби 0,98 отсто, на 33.665 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,34 отсто, на 4.314 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,62 отсто, на 13.314 поени.

Вложувачите беа предупредени од обновениот пораст на приносите на државните обврзници, бидејќи подобрите од очекуваните економски податоци ја поддржуваат тезата дека инфлацијата може да остане зголемена, така што каматните стапки на американската централна банка ќе останат покачени подолг период од очекуваното.

И повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите, бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Вложувачите, исто така, не се склони кон ризик затоа што стравуваат од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестинците по воздушниот напад врз болница во Газа убиени неколку стотици Палестинци. Локалните власти тврдат дека тоа го направил Израел, додека Израел тврди дека тоа го направила палестинската организација Исламски џихад.

Вложувачите се надеваат дека ситуацијата би можела да се смири откако американскиот претседател Џо Бајден вчера го посети Израел.

И додека растот на приносите врши притисок врз пазарот, тој е поддржан од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на повеќето банки и компании.

Поради ова, аналитичарите ги зголемија проценките, па сега очекуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во третиот квартал е зголемена за повеќе од 2 отсто во однос на истиот период лани, додека пред една седмицата се очекуваше раст од 1,3 проценти.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 1,14 отсто, на 7.558 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,03 отсто, на 15.094 поени, а париски CAC за 0,91 отсто, на 6.965 поени.



ПредходнаСе судрија автобус на ЈСП и автомобил во Ново Лисиче
СледнаДоларот зајакна, цените на нафтата паднаа