дома Свет Нападите врз Газа може да се претворат во регионална војна, предупреди лидерот...

Нападите врз Газа може да се претворат во регионална војна, предупреди лидерот на Хамас

62

Шефот на Политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, предупреди дека израелските напади врз Газа може да се претворат во регионална војна, јавува Анадолија.

Тој истакна дека „ако продолжат овие брутални напади, уништување и крвопролевање против Газа, ова може да се претвори во регионална војна“.

Во видеото што го објави Ханије дава оценка за конфликтите со Израел и политичките настани во Газа, Западниот Брег и Либан.

Потсетувајќи дека Соединетите Американски Држави и некои европски земји го посетија Израел за морална поддршка, Ханије тврди дека и покрај сите овие напори, администрацијата од Вашингтон не била успешна во „давањето регионална и меѓународна поддршка на Израел во однос на нападите врз Газа и придобивањето на Арапите да прифатат депортација“.

Истакнувајќи дека и покрај сите притисоци, односот на арапските и исламските земји кон депортацијата на Палестинците е многу јасен, Ханије рече дека тоа било нагласено на состаноците на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и Арапската лига.

Пофалувајќи го ставот на арапските и исламските земји, особено Египет, против депортацијата, Ханије повика на поддршка за тој став.

Наведувајќи дека во последните денови се сретнале со бројни претставници од арапскиот и исламскиот свет, Ханије рече дека на тие состаноци „изјавиле дека единственото решение е можно со ставање крај на окупацијата и формирање независна палестинска држава со Ал Кудс (Ерусалим) како главен град и на окупационите команданти да им се суди за нивните злосторства“, пренесува Анадолија.

Ханије го повика палестинскиот народ и арапскиот и исламскиот свет денеска да излезат на улиците со слоганот „Стоп за нападите врз Газа, а не депортација и алтернативна татковина“.

МИА

– Реклама –

ПредходнаИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа
СледнаПредеметот „Змиско око“ застаре по 16 години судење – обвинетите ќе тужат и ќе бараат отштета до максимум