дома Магазин Промоција на „За македонистиката отворено“ – прва книга од Пандев и Стаменов

Промоција на „За македонистиката отворено“ – прва книга од Пандев и Стаменов

46

Во рамки на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба денеска во Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „За македонистиката отворено“ – I книга. Автори се Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Димитар Пандев, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и истакнат македонски лингвист, славист, македонист и писател.

„За македонистиката оворено“ – I книга, чиј издавач е Општина Охрид, содржи 21 радио-разговор емитуван во периодот од 19 ноември 2016 година до 14 февруари 2022 година во авторскиот проект „Quo vadis” и во редовните програми „Актуелно“ и „Радио спектар“ на Македонското радио – Радио Скопје.

Во книгата се опфатени разговори за Крсте Мисирков и неговата книга „За македонцките работи“, за свети Климет Охридски, за Блаже Конески, за Григор Прличев, за „Бели мугри“ на Кочо Рацин, за големите македонистички јубилеи, за најновото издание на Правописот на македонскиот јазик, за Законот за јазиците, за најновата бугарска антимакедонска кампања која го негира постоењето на македонскиот јазик, како и за предизвиците пред кои се исправени нашиот македонски јазик и македонистиката воопшто.

Содржината на книгата, која е дел од двотомниот проект на Свето Стаменов и на проф. д-р Димитар Пандев „За македонистиката отворено – Отворено за македонистиката“, е сместена на 360 страници, а рецизенти се поранешниот словенечки амбасадор во нашава земја проф. д-р Милан Јазбец и доц. д-р Бобан Карапејовски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, кој ќе биде и промотор на книгата, а воведниот збор е на м-р Перчо Божиновски, заменик градоначалник на Општина Охрид.



ПредходнаНесакани ефекти од внесување премногу витамин Ц
СледнаИзвештајот на Светска Банка е „шамариште“ за власта, за Македонија во 2023 предвидува најмал раст на БДП во регионот, огромна инфлација и зголемен дефицит