Американската пејачка Гвен Стефани во четвртокот доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.
Стефани присуствуваше на откривањето на ѕвездата во Холивуд со нејзините три сина и нејзиниот сопруг Блејк Шелтон, американски пејач на кантри музика. Во говорот Шелтон ја пофали нејзината посветеност како мајка на 17-годишниот Кингстон, 15-годишниот Зума и деветгодишниот Аполо.
„Стојајќи овде речиси 10 години откако ја запознав, можам да кажам дека да се биде мајка сè уште е најважната работа во нејзиниот живот“, им рече тој на толпата.
„И морам да ви кажам на сите, тоа е реткост во овој бизнис. Убаво е да се види како денес е почестена за нејзиниот спореден проект, кој е една од најголемите ѕвезди во светот“, додаде Шелтон.
„Од музика, телевизија и филмови до мода и убавина, таа повторно и повторно се искачуваше на врвот, со нејзиниот уникатен стил што го натера светот да се заљуби во неа. Но, не толку како јас“, призна сопругот на пејачката
Стефани се огласи на Инстаграм по церемонијата за да ја изрази својата благодарност, пишувајќи: „Кој би помислил дека оваа девојка од Анахајм ќе има своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Ти благодарам што чекореше по овој пат со мене, пееше со мене сите овие години… те сакам!!!“