Како што покажаа бројни претходни студии, витаминот Ц е еден од најважните витамини за нашето тело. Делува како антиоксиданс и игра значајна улога во зајакнувањето на нашиот имунитет, но ова се само дел од многуте потенцијални позитивни ефекти на овој витамин.
Според клиниката Мајо, витаминот Ц успешно ги елиминира и различните штетни токсини и тешки метали од нашето тело, кои на долг рок можат да бидат извор на многу сериозни болести, меѓу кои и неколку видови на рак. Се препорачува човек да консумира 75 милиграми дневно.
Но, понекогаш со внесувањето на витамин Ц може да се претера, што негативно влијае на нашето здравје. Како што објаснуваат експертите, премногу од овој витамин може да доведе до неколку несакани нуспојави, од кои некои не се воопшто безопасни. Тие несакани ефекти се: гадење, киселини, дијареа, абдоминални болки и грчеви, главоболка, проблеми со спиењето (несоница, будење во текот на ноќта), анемија.
Освен тоа, ако претераме со внесувањето на витамин Ц, би можеле да имаме проблеми и со камења во бубрезите. Според лекарите, премногу од овој витамин доведува до појава на камења во нашите бубрези. Колку повеќе непотребен витамин Ц внесуваме во организмот, толку повеќе се излачува преку бубрезите, а тоа доведува до формирање на болни камења.