дома Црна хроника Предеметот „Змиско око“ застаре по 16 години судење – обвинетите ќе тужат...

Предеметот „Змиско око“ застаре по 16 години судење – обвинетите ќе тужат и ќе бараат отштета до максимум

67

Застаре преметот „Змиско око“ од 2007 година, во кој 46 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злуопотреба на положбата и за злосторничко здружување, односно дека на патарините не им издавале фискални сметки на возачите, а парите ги ставале в џеб, па си ги делеле, и на тој начин заработиле неколку милиони евра.

Триесет и осум обвинети по повеќе од деценија и пол по судовите конечно го завршија судскиот процес и најавуваат дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимум отштета.

Апелацискиот суд досега три пати го враќаше предметот пред Кривичниот суд, а имаше и осудителни, условни и ослободителни пресуди.

Спектакуларното апсење на овие луѓе со специјалци започна во ноември 2007 година и траеше неколку дена, а тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред јавноста тогаш истакна дека се реализирала најголемата, најдолгата и најмасовната операција досега.

Предметот се води од 2007 година, а најголем дел од обвинетите беа инкасатори на наплатните рампи, кои во обвинителниот акт се товареа дека проневериле над милион евра.

Ова следува по последните измени на Кривичниот законик.

По судењето, дел од обвинетите најавија дека ќе бараат обештетување по сите можни основи.

– Животот ни го претворија во еден судски процес што траеше 16 години. Нема пари што може нам да ни ги вратат животите. Поминавме низ безброј судски рочишта, околу 130, 140 на број. И ова сега не е правда, застарувањето на делото за нас не е правда – изјави пред судот еден од обвинетите, пренесе Слободен печат.

Друг обвинет најави дека ќе ја тужат државата и ќе бараат максимално обештетување по сите можни основи.



ПредходнаНападите врз Газа може да се претворат во регионална војна, предупреди лидерот на Хамас
СледнаПалестинскиот претседател Абас одби да разговара со Бајден