дома Македонија Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

108





Машки труп е пронајден утрово во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.

Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСАД „нема да се двоумат“ да употребат воена сила против секој ќе се обиде да го прошири конфликтот меѓу Израел и Хамас
СледнаГерманија годинава очекува најмногу илегални мигранти од 2016 година