дома Свет Германија годинава очекува најмногу илегални мигранти од 2016 година

Германија годинава очекува најмногу илегални мигранти од 2016 година

166





Бројот на илегални мигранти во Германија годинава се очекува да биде најголем од мигрантската криза во 2016 година, јави ДПА, повикувајќи се на официјални податоци.

Минатиот месец федералната полиција регистрираше 21.366 лица кои илегално влегле во земјата – двојно повеќе од јули, кога бројката беше 10.714. Месечните бројки се највисоки од февруари 2016 година, кога 25.650 лица илегално ја преминале границата. Во екот на бегалската криза предизвикана од сириската граѓанска војна, речиси 112.000 луѓе илегално влегле во Германија.

Годинава се очекува да пристигнат уште повеќе мигранти без документи, со оглед на фактот дека од јануари до септември бројката веќе достигна 92.119.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот
СледнаСлика украдена од американски војник во Втората светска војна се враќа во Германија