дома Црна хроника Откриен идентитетот на починатото лице најдено покрај Вардар

Откриен идентитетот на починатото лице најдено покрај Вардар

132
Фото: Плусинфо

Машки труп е пронајден утрово во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.

Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.



ПредходнаИзраелски тенк „по грешка“ погодил позиција на границата со Египет, ИДФ „жалат“ за инцидентот
СледнаУниверзитетот Мичиген „искрено жали“ поради снимката на Хитлер на екранот пред играта