дома Свет Хезболах го вовлекува Либан во војна, предупредува израелската војска

Хезболах го вовлекува Либан во војна, предупредува израелската војска

159

Израелската армија денеска ја обвини либанската шиитска група Хезболах дека стреми кон воена ескалација во пограничната област, ризикувајќи да го вовлече Либан во војна, по новата размена на удари меѓу Израел и исламистичката група.

„Хезболах нè напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да добие ништо, но во која може многу да загуби“, предупреди портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Х (до неодамна Твитер).

Тензиите на израелско-либанската граница се зголемија вчера по судирите во кои либанското исламистичко движење поддржано од Иран соопшти дека се убиени четворица борци на Хезболах.

Палестинската вооружена група „Исламски џихад“ соопшти за смртта на еден од своите борци.

Израелската армија информираше дека тројца нејзини војници се ранети, од кои еден потешко.

Повредени се и двајца тајландски работници на фарма.

„Дали либанската држава навистина е подготвена да го загрози она што остана од либанскиот просперитет и суверенитет во корист на терористите во Газа, воспоставената Исламска држава во Газа?“, реторички праша Џонатан Конрикус.

„Ова е прашање што либанските власти мора да си го постават и да одговорат“, додаде портпаролот.

Хезболах е сојузник на палестинската група Хамас, која на 7 октомври изврши крвав напад врз Израел од Газа, во кој беа убиени повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили.

МИА

– Реклама –

ПредходнаМакедонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН
СледнаКоординирани контроли на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти во Кавадарци, констатирани бројни неправилности