дома Популарно Вековниот идеал за независност е денешен мотив од Северна Македонија да создадеме...

Вековниот идеал за независност е денешен мотив од Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава

130





Kонтинуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава се денешен мотив од земјата да создадеме европска и напредна држава, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, во честитката по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги спомнуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност.

Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава.

Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца. Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“, порача Ковачевски во објавата на неговиот Фејсбук профил.

– Реклама –








ПредходнаМакедонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација
СледнаИзраел почна со копнени операции во Газа, Хамас тврдат дека ги натерале да се повлечат