дома Свет Европратеник од СИРИЗА ја напушти еврогрупата на грчката партија

Европратеник од СИРИЗА ја напушти еврогрупата на грчката партија

132





Европратеникот Стелиос Кулоглу ја напушти еврогрупата на СИРИЗА и преку отворено писмо до партискиот лидер, обвинува за недостиг на сериозност во грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кулоглу ги објаснува причините за неговата одлука, пишува дека „недостигот на сериозна опозиција е една од главните причини за стагнацијата на СИРИЗА, како што беше изразено и на локалните избори“, но и дека во партијата е создадена токсична клима.

– Климата е неподнослива и бидејќи не можам да поддржам политики со кои не се согласувам, најавувам повлекување од еврогрупата на СИРИЗА. Се разбира дека останувам во политичката група на Левицата (Left) и дека ќе соработувам со европратениците на СИРИЗА за секое прашање што се однесува на мирот, демократијата и социјалната правда во Грција и Европа, пишува Кулоглу во писмото до лидерот на партијата Стефанос Каселакис.

Извори од СИРИЗА за грчките медиуми коментирале дека од европратеникот било побарано да го предаде на партијата пратеничкото место во Европскиот Парламент.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПендаровски: Да ги надминеме поделбите и да се обединиме во заедничката цел
СледнаМакедонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација