дома Свет Шведската крајбрежна стража се обидува да спречи истекување на дизел од заринкан...

Шведската крајбрежна стража се обидува да спречи истекување на дизел од заринкан траект

55





Шведската крајбрежна стража денеска работи на спречување на истекување на дизел од траект што вчера заринка крај јужниот брег на Шведска.

– Знаеме дека дамката во моментов се протега на повеќе од пет километри од брегот. Спасувањето на животната средина е приоритет, а тоа вклучува отстранување што е можно повеќе дизел од водата за да се зачуваат плажите што е можно повеќе, изјави координаторот на операциите за чистење.

Покрај операциите за чистење, крајбрежната стража ги истражува причините за заринкувањето и последователното излевање на горивото.

Фериботот Марко Поло на компанијата TT-Line вчера изутрина се заринка во јужна Шведска со 75 патници, кои брзо беа евакуирани.

Отворена е прелиминарна истрага бидејќи горивото се излеало до брегот.

– Бродот се заринка, а потоа го продолжи својот пат неколку километри испуштајќи гориво додека повторно не се заринка, каде што е сега, соопштија властите и додадоа дека се обидуваат да откријат колку гориво истекло.

МИА

– Реклама –








Предходна„Њујорк тајмс“ призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа
СледнаЕрдоган до Парламентот достави предлог за ратификација на кандидатурата на Шведска за НАТО, Унгарија останува сама