Home Магазин Бутел овој викенд ќе биде епицентарот на добрата забава со најдоброто од македонската сцена

Бутел овој викенд ќе биде епицентарот на добрата забава со најдоброто од македонската сцена

0

Општина Бутел на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музичко-забавен настан – „НАШ БУТЕЛ“. Настанот е замислен како дводневен фестивал на 27 и 28 октомври и на истиот ќе настапат најактуелните македонски музички изведувачи.

На 27 октомври ќе може да се забавувате во одличното стенд ап шоу на Бојан Велевски, да уживате во музиката на Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Влатко Лозановски – Лозано. На 28 октомври за забавата ќе настапат Таско, Пајак и ДНК.

Настаните ќе се одржуваат на големиот паркинг кај паркот “Олимписки сон”, веднаш до ООУ “Св.Климент Охридски” во населбата Бутел 2, а ќе започнуваат во 20:00 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ.

„Нашата општина веќе две години работи на планот за урбанизација на Бутел, културата е дел од овој план и преку овој фестивал сакаме на жителите да им овозможиме модерен и културен настан на Бутелчани“ изјави градоначалникот на Општина Бутел – Дарко Костовски

Влезот на овој дводневен фестивал е бесплатен, а со овој настан Општина Бутел сака да им овозможи урбана и културна забава на своите жители со најдоброто од македонската музика.



LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here