дома Економија Остар пад на доларот, цените на нафтата пораснаа

Остар пад на доларот, цените на нафтата пораснаа

47

Американската валута забележа остар пад, додека цените на нафтата надоместија дел од загубите од претходниот терговски ден.

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна во раното претпладневно тргување во вторникот. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,19 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,85 на 149,60 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0680 долари, додека вчера во ова време беше 1,0585 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,49 отсто, на 90,30 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,42 отсто, на 85,85 долари.



ПредходнаНа Волстрит пад на S&P 500, раст на Nasdaq
СледнаОпера ангажира „режисерка за увежбување интимни сцени“