дома Свет Рускиот дипломат во ЕУ, Логвинов, осомничен за шпионажа

Рускиот дипломат во ЕУ, Логвинов, осомничен за шпионажа

170





Највисокиот претставник на Русија во ЕУ, Кирил Логвинов е осомничен за шпионажа, изјавија за Германската новинска агенција (ДПА) неименувани извори во Брисел.

Неколку извори денеска за ДПА изјавија дека белгиската тајна служба ВССЕ смета дека дипломатот Кирил Логвинов, вршител на должност во мисијата на Руската Федерација во ЕУ, не работи само за Министерството за надворешни работи, туку и за руското надворешно разузнавање.

Според неговата автобиографија, Логвинов работел во Амбасадата на Русија во Берлин од 2010 до 2014 година.

За случајот денеска пишуваа германскиот магазин „Шпигел“ и уште неколку европски медиуми.

Сомнежите за можна шпионажа датираат од летото минатата година.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПоддршката од Унгарија е доказ за вистинско пријателство
СледнаПовредените при пукањето во „Ист гејт мол“ сè уште се во животозагрозувачка состојба