дома Свет УНРВА ќе ја прекине работата во Појасот Газа доколку не пристигне гориво

УНРВА ќе ја прекине работата во Појасот Газа доколку не пристигне гориво

106





Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека ќе биде принудена да престане да работи во Појасот Газа, освен ако не дојде до испорака на гориво на територијата зафатена од војна.

Доколку итно не се набави гориво, ќе бидеме принудени да ги прекинеме нашите операции во Појасот Газа од утревечер, објави УНРВА на социјалната мрежа „X“.

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека од 7 октомври убиени се над 5.000 луѓе, меѓу кои 2.055 деца.

МИА

– Реклама –








ПредходнаКоалицијата што се бори против „Исламска држава“ да се бори и против „Хамас“
СледнаМеѓународната федерација на новинари ја осуди одлуката на судот против Истражувачка репортерска лабораторија