дома Свет Бајден е во право за новиот светски поредок, но греши за улогата...

Бајден е во право за новиот светски поредок, но греши за улогата на САД во него

114

Американскиот претседател Џо Бајден беше во право да повика на нов светски поредок, но греши со претпоставката дека ќе биде изграден од САД, порача Кремљ.

Во петокот, Бајден изјави дека 50-годишниот пост-воен период „изгубил залет“, со оглед на „епидемијата“ на војни, меѓу Израел и Хамас и Русија и Украина.

„Потребен е нов светски поредок“, изјави Бајден во говорот на политички настан, додавајќи дека САД „би можеле да го обединат светот ако се доволно храбри и ако имаат доволно доверба во самите себе“.

„Редок случај кога апсолутно се сложуваме“, вака ги оцени изјавите на Бајден портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочувајќи, сепак, дека американскиот претседател не бил целосно во право.

„Делот со кој не се сложуваме е способноста на САД да изградат таков поредок“, рече Песков.

„Бидејќи САД, на еден или друг начин, мислат на американски-фокусиран светски поредок каде светот се врти околу САД. Тоа повеќе нема да биде случај“, додаде портпаролот на Кремљ, пренесува „Москва Тајмс“.

Како што забележува весникот, Русија често ја промовира својата визија за „мултиполарен свет“ откако заладија односите со западните сили по инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

– Реклама –

ПредходнаПовредените при пукањето во „Ист гејт мол“ сè уште се во животозагрозувачка состојба
СледнаДневен хороскоп за среда, 25-ти октомври 2023-та