дома Магазин Почина гитаристот на бендот „Massive Attack“

Почина гитаристот на бендот „Massive Attack“

135

Гитаристот на британската група Massive Attack Анџело Брусини почина на 44-годишна возраст од рак на белите дробови, соопшти бендот.
„Исклучително брилијантен и ексцентричен талент. Невозможно е да се опише неговиот придонес во опусот на Massive Attack, се вели во соопштението на членовите на бендот од Бристол.

Анџело Брусини, кој е роден во Бристол, се приклучил на познатиот бенд во средината на деведесеттите.

Пред да започне да свири гитара во Massive Attack, основана во 1989 година, Брусини свиреше со други групи, како што се „The Numbers“, „Rimshots“ и „The Blue Airplane“.

Во јули, музичарот на социјалните мрежи напиша дека боледува од рак на белите дробови.

„Имав одличен живот, го видов светот многу пати, запознав толку многу прекрасни луѓе, но вратата полека се затвора и мислам дека ќе напишам книга…“, напиша тој.



ПредходнаДве лица повредени во вооружен индицент во „Ист гејт мол“
СледнаРусија бара Албанија да го екстрадира криминалниот бос Кокунов