дома Технологија 33 Американски држави ја тужат „Мета“ за нарушување на менталното здравје на...

33 Американски држави ја тужат „Мета“ за нарушување на менталното здравје на младите на Фејсбук и Инстаграм

99

Група од 33 американски сојузни држави, меѓу кои Калифорнија и Њујорк, денеска поднесоа тужба против Мета за наводно оштетување на менталното здравје на младите луѓе и свесно дизајнирање функции на Инстаграм и Фејсбук што ги прават децата зависни од тие социјални мрежи.

Во тужбата поднесена до судот во Калифорнија се додава дека „Мета“ рутински собира податоци за деца помлади од 13 години без согласност на нивните родители, што е кршење на федералните закони, јавија американските медиуми.

„Децата и тинејџерите страдаат од лошо ментално здравје, а виновни се компаниите за социјални мрежи како Мета“, рече њујоршката обвинителка Летиша Џејмс.

МИА

– Реклама –

ПредходнаМВР објави фотографија од пукачот во „Ист Гејт“, апелира ако некој има информација веднаш да пријави
СледнаСоветот за безбедност на ОН ја „продлабочи“ кризата во Газа