Provereno

nie znaeme…

Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо






Израелски проектили денеска го погодија сирискиот аеродром во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Тоа е четврти таков инцидент во изминатите две недели.

„Израел ја повтори својата воздушна агресија врз Сирија … со бомбардирањето на меѓународниот аеродром во Алепо“, се наведува во соопштението на невладината организација чие седиште е во Лондон.

Официјален претставник на сириското Министерство за транспорт, Сулејман Калил, изјави дека цел на нападот била пистата на аеродромот во Алепо.

МИА

– Реклама –








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *