дома Македонија Груби ја претвора зоната во Визбегово во коцкарски центар ала Лас Вегас...

Груби ја претвора зоната во Визбегово во коцкарски центар ала Лас Вегас и зона на валкани бизниси и криминал

97

Коцкарски центар на Северна Македонија станува индустриската зона Визбегово.

Индустриската зона Визбегово која еснафите макотрпно ја развиваа со децении, Артан Груби преку ноќ ја претвора во центар на валкани бизниси!

Лотарија на Северна Македонија, која ја водат најблиските луѓе на Артан Груби, наскоро се очекува да се пресели во индустриската зона Визбегово во Скопје.

Меѓународниот медиум Радио Слободна Европа соопштува дека Лотарија на Северна Македонија склучила договор за користење простор токму овде во зоната Визбегово каде што се наоѓаме и денес, и ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години.

За оваа намена од буџетот веќе се издвоени 2.6 милиони евра.

Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети.

Така, Лотарија на Северна Македонија ќе се позиционира покрај патот Скопје – Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува.

Индустриската зона Визбегово најверојатно ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ.

Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега сè станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање!

Оваа зона, која чесниот албански бизнисмен, еснафите, ја градеа со децении, Артан Груби и ДУИ преку ноќ решија да ја претворат во зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели.

Оваа зона, која досега се слушаше само за позитивни вести, за успешни приказни, Артан Груби реши да ја направи зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици!

Не зборуваме за гласини. Зборуваме за факти!

Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните!

Да ставиме Стоп на дегенерацијата на сè што има вредност, навистина Артан Груби уништува сè што ќе допре!

Граѓаните веќе се свесни за ова и жестоко ќе го казнат ова зло!

Албански опозициски фронт Алтернатива-Движење Беса-Демократско Движење

– Реклама –

ПредходнаЌе бараме отштета од Бугарија и поддршка од ЕУ за таксата за руски гас, нема да дозволиме било која држава да нè уценува
СледнаХамнеи обвини дека САД управуваат со израелските напади врз Газа, порача дека „идниот свет е светот на Палестина“