дома Свет Девет арапски земји го обвинија Израел дека спроведува „колективно казнување“ врз Палестинците

Девет арапски земји го обвинија Израел дека спроведува „колективно казнување“ врз Палестинците

101





Министрите за надворешни работи на девет арапски земји со заедничка изјава го повикуваат Советот за безбедност на Обединети нации да спроведе итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин, Саудиска Арабија, Оман, Катар, Кувајт, Египет и Мароко го критикуваат Израел за убиство на цивили во Газа, тврдејќи дека „самоодбраната не го оправдува кршењето на меѓународното право и намерното непочитување на легитимните права на палестинскиот народ“.

Тие, исто така, го осудуваат раселувањето на Палестинците и го обвинуваат Израел дека спроведува „колективно казнување“ врз Палестинците.

МИА

– Реклама –








ПредходнаМАЕИ бара пописот во Албанија да биде продолжен и во Мала Преспа, многу Македонци сè уште не се попишани
СледнаНетанјаху го одложува потегот за привремено затворање на Ал Џезира во Израел