дома Популарно Нема да дозволам да останеме без претседател

Нема да дозволам да останеме без претседател

128

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги повика политичките партии навреме да се договорат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година сè со цел почитување на законските и уставните рокови.

„До Нова Година треба да имаме консензус по однос на претседателските избори, парламентарните избори се друга приказна и важат други процедури и други рокови и има време до февруари, март“, истакна Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Ако партиите немаат согласност и калкулираат, вели, тој тоа нема да го остави така, нема да дозволи да се излезе надвор од она што е пропишано.

„Должен сум тоа да го направам и да обезбедам дополнително време за да не останеме без претседател“, посочи Џафери.

Претседателот на Собранието вели дека за уставните измени не е ништо променето по тоа прашање.

Тој информираше дека пратеници од Беса и Алтернатива поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија.

За предложениот нов деловник на Собранието, чиј предлагач е Џафери, утре почнува амандманската расправа. Како што информираше Џафери, поднесени се триесетина амандмани и тоа од пратениците од Левица, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, а дел од амандманите ги подготвила собраниските служби и ќе ги поднесе тој како предлагач. Се очекува новиот деловник да биде донесен со консензус и најверојатно ќе биде ставен на седницата на 2 ноември. Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот мандат односно тоа првпат ќе биде со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаСАСА ја доби националната награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работa за 2023 година
СледнаОбјавена мапата на милијардери во Европа, Германија има најмногу, 126