дома Uncategorized Мадона сè уште најпродавана пејачка на сите времиња

Мадона сè уште најпродавана пејачка на сите времиња


Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди.

Се истакнува и дека Мадона (65) има продадено повеќе од 400 милиони плочи во текот на нејзината 40-годишна кариера, пренесува „Пипл“ (People). Пејачката го држи рекордот од 2009 година, а по неа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе.

На почетокот на овој месец, Мадона ја почна својата турнеја „Celebration“ во лондонската „О2 Арена“. Предвидени се вкупно 78 концерти во Европа, Јужна и Северна Америка до април 2024 година.



Предходна„Икс“ воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа
СледнаАД ЕСМ дел од Инаугуративната конференција 2023 организирана од Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС)