дома Магазин Ретко изведување на кралски пингвин во зоолошка градина во Калифорнија

Ретко изведување на кралски пингвин во зоолошка градина во Калифорнија

77

Зоолошката градина  „SeaWorld“ во Сан Диего, во американската сојузна држава Калифорнија, објави во средата дека по 13 години во нивната зоолошка градина, на 12-ти септември со помош на стручен персонал изведен е женски кралски пингвин.

„Ова е највозбудливото нешто во целата година, можеби цела деценија“, рече еден од менаџерите на „SeaWorld“ Џастин Брекет.

Кралскиот пингвин, на листата на загрозени видови, има свое природни живеалиште на Антарктикот, а 17 примероци живеат во живеалиште со температура од минус пет Целзиусови степени во забавниот парк и зоолошката градина каде што е снесено јајцето на 7-ми јули, објави „SeaWorld“.

Во оваа зоолошка градина живеат околу 300 пингвини од различни видови, но персоналот е особено горд на доаѓањето на кралскиот пингвин (Aptenodytes forsteri), најголемиот од сите видови кој може да достигне височина од 1,1 метар и тежина до 45 килограми.

За разлика од другите видови кои снесуваат неколку јајца годишно, женскиот кралски пингвин снесува само едно јајце еднаш годишно.

И додека женките и мажјаците на другите пингвини ги делат своите инкубациски должности откако ќе снесат јајце, женката на кралскиот пингвин се враќа во морето да се храни, додека мажјакот седи на јајцето повеќе од два месеца и не се храни во овој период.

 



ПредходнаНиту еден пенал му нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, тврди Груби
СледнаУкраина го суспендира новиот коридор за жито поради страв од руски воздушни напади