дома Македонија Роберт Милошески, прв Австралиец со македонско потекло избран за советник во Равенсторп

Роберт Милошески, прв Австралиец со македонско потекло избран за советник во Равенсторп

55





Австралиецот со македонско потекло Роберт Милошески, од прилепското село Алинци, на локалните избори во Западна Австралија е избран за советник во општината Равенсторп, која се наоѓа на околу 560 килопметри источно од главниот град Перт.

Тој е првиот Австралиец со македонско потекло избран на оваа функција во Равенсторп.

Милошески е успешен бизнисмен кој се занимава со недвижнини. Роден е во Перт, но со потекло од македонското селото Алинци во Прилепско.

Почесниот македонски конзул Зоран Ќосески од името на македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, на Милошески му пренесе поздрави со желба за успех на новата функција.зќ/са/

Фото: Почесени македонски конзул Зоран Ќосески

МИА

– Реклама –








ПредходнаМерката за замрзнување на цените дава одлични резултати и не ги ограничува можностите за промоции и акции
СледнаМАЕИ бара пописот во Албанија да биде продолжен и во Мала Преспа, многу Македонци сè уште не се попишани