дома Свет Русија „егзекутира“ војници кои одбиваат наредби во новите напади врз Украина

Русија „егзекутира“ војници кои одбиваат наредби во новите напади врз Украина

152





Русија егзекутира војници кои не ги следат наредбите во нејзината крвава нова офанзива во источна Украина, додека претрпува „значителни“ загуби, нагласи Белата куќа.

„Имаме информации дека руската војска всушност егзекутирала војници кои одбиваат да ги следат наредбите“, изјави на брифинг портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.

„Имаме информации дека руските команданти се закануваат со егзекуција на цели единици доколку се обидат да се повлечат од украинскиот артилериски оган“, додаде тој.

„Тоа е за осуда“.

Кирби не даде повеќе детали на прашањето за наводните егзекуции или како САД дошле до информациите.

МИА

– Реклама –








Предходна„Дискурсот на колективизмот треба да се заборави, време е да живееме во нормални услови“
СледнаСАД немаат право да се мешаат во проблемите на Кина со Филипините, порача Пекинг по предупредувањето од Бајден