дома Економија Европските и азиските берзи на пат кон блага неделна загуба

Европските и азиските берзи на пат кон блага неделна загуба

47

На европските берзи се тргува претпазливо во петокот во претпладнето тргување, додека инвеститорите ги следат кварталните деловни резултати на компаниите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто и е на пат кон мала неделна загуба. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,11 отсто, на 7.346 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,08 отсто, на 14.719 поени, а париски CAC 1,09 отсто, на 6.815 поени.

И на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, порасна за 0,9 отсто откако вчера падна на најниско ниво во речиси една година. И покрај денешниот раст, на пат е да изгуби околу 0,8 отсто оваа недела.

Претпладневно јапонскиот индекс Nikkei порасна за 1,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 2,2 отсто.

Пазарите се поддржани од растот на кинеските берзи, откако беа објавени податоци за континуиран раст на профитот на индустриските производители, кои ги поддржаа надежите за закрепнување на втората по големина светска економија. Дотолку повеќе што кинеските власти се обидуваат да го забрзаат растот со различни мерки.

Растот на азиските берзански индекси е и благодарение на техничката корекција на цените на акциите, по остриот пад во претходните денови.

Инвеститорите беа охрабрени и од растот на американските термински индекси, што укажува дека цените на акциите на Волстрит би можеле да пораснат на почетокот на денешното тргување, по два дена нагло опаѓање. Порастот на фјучерсите на S&P 500 и Nasdaq во голема мера беше поттикнат од скокот на цената на акциите на Amazon од 5 отсто, откако технолошкиот гигант објави подобри од очекуваните квартални резултати и процените дека празничната потрошувачка во САД ќе бидат силни.



ПредходнаПриведен криминалец баран со потерница
СледнаМакедонската берза и Капитал финансиски центар ја подигнуваат финансиската писменост на граѓаните