дома Економија ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува...

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 122,14 евра за мегават час, на МЕМО 119,38 евра за мегават час

134

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт, објави дека, согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 27 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 122,14 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 119,38 евра/mwh
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 135,01 евра за мегават час, а на MEMO 125,86 евра.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 46,46 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 51 евра.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.



ПредходнаДесет камиони и лекари влегоа во Газа преку преминот Рафа
СледнаФицо сака гаранција од Украина дека 50-те милијарди евра од ЕУ нема да бидат злоупотребени, бара дел од парите да бидат за Словачка