дома Македонија Фон дер Лајен во четиридневна посета на земјите од Западен Балкан, почнува...

Фон дер Лајен во четиридневна посета на земјите од Западен Балкан, почнува со Македонија

52

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, на 29 октомври ќе ја почне четиридневната посета на Западен Балкан при што ќе претстави детали од Планот за раст на Европска Унија за регионот.

„Ова ќе биде можност да се разговара за билатералната соработка, а особено подетално да им се претстави на регионалните лидери Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан“, се наведува во соопштението на ЕК.

Планот за раст за Западен Балкан има четири столба – интеграција во единствениот пазар, подлабока регионална економска соработка, забрзување на фундаменталните реформи и поголема претпристапна финансиска поддршка.

Лајен посетата ја почнува со посета на Скопје, каде ќе се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски, а в понеделник ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателката на ЕК од Скопје ќе отпатува за Приштина, каде ќе има средба со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти.

На 31 октомври Лајен ќе отпатува за Подгорица, каде ќе има средби со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Дритан Абазовиќ.

Истиот ден попладне Лајен ќе отпатува за Белград, каде ќе има средби со српскиот претседател и премиерка Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ.

Лајен западноевропската турнеја ја завршува во Сараево каде ќе разговара со членовите на Претседателството на БиХ и претседателката на Советот на министри Борјана Кришто.

Претседателката на ЕК на 15 и 16 октомври беше во посета на Албанија, каде се одржуваше Самитот на Берлински процес. Таа тогаш изјави дека предложила инвестициски пакет од шест милијарди евра, од кои две милијарди се во грантови, а четири во форма на заеми, чија реализација ќе зависи од спроведувањето на реформите.

МИА

– Реклама –

ПредходнаВработени во МАЛМЕД сведочеа пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Онкологија
СледнаИзраел ја интензивира офанзивата на сите фронтови, Газа отсечена од било каков контакт со надворешниот свет