дома Економија Хотелот 21st Century Zlatibor by Adora осамна на најелитните блогови за архитектура...

Хотелот 21st Century Zlatibor by Adora осамна на најелитните блогови за архитектура и дизајн во светот

60

21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е создаден да им овозможи на гостите единствено доживување и комплетен комфор“. Со овие зборови е опишан хотелот на Адора на Златибор од страна на елитните блогови за архитектура и дизајн кои важат за најпрестижни во светот. Низ објавите го доживувате целиот комплекс со сите негови префинети детали, од индустриски дизајнираното влезно лоби, ресторанот Gatsby во арт деко и елегантен џез стил на 1920-тите во Њујорк, спа центарот украсен со современа дигитална уметност во акварел со фокус на убавината на женското тело, до величествени тераси на пентхаусите, опремени со приватни терапевтски кади и најубав поглед во Златибор.

„Горд сум, но не и изненаден што нашиот 21st Century Zlatibor by Adora го привлече вниманието на најпрестижните глобални блогови за архитектура и дизајн. Тимот на Адора секогаш има крајно посветен пристап кон креирањето недвижности. Во минатото, акцентот беше ставен на асеизмичката стабилност на нашите градби, што низ годините го донесовме до совршенство. Со поновите Flatiron и Diamond Garden се насочивме кон креирање story-telling недвижнини, а сега со нашиот апарт-хотел на  Златибор, понудивме недвижност дополнета со иновативен бизнис концепт, во кој  нашите клиенти купуваат комплетно опремен апартман во склоп на елитен хотел, и подоцна имаат значителен приход од својата инвестиција. Со еден збор, и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, енергетиката и другите деловни сфери каде сме успешно присутни како бизнис групација, градежништвото сеуште е и ќе биде наша најголема страст и деловна пасија. Во Адора профитот никогаш не е приоритет. Секогаш не води желбата да понудиме нешто уникатно, иновативно и проактивно, што ќе разбуди чуство на додадена вредност кај клиентите и општеството. Градежништвото и архитектурата се огромна одговорност. Тоа што е уметноста на платното, тоа е архитектурата на земјата. Во овие моменти, самодовербата на тимот на Адора е одлична, во продуктивна кохезија со нашите дизајн партнери Zavar Design и останатите соработници од странство. Не само што сме во чекор со последниот збор од светот на дизајнот и архитектурата, туку можеби полека се наметнуваме и како trend makers во одредени аспекти. Апарт хотелот во Златибор имаше исклучително силен почеток во работата. Иако не сме во пик сезоната, капацитетот е речиси целосно пополнет, а исклучително позитивните импресии од посетителите ни даваат ветер во грб. Веќе работиме на нови предизвици поврзани со градежништвото на европскиот пазар, каде ќе се соочиме со некои од најискусните и докажано исклучително креативни архитекти и инвеститори од real estate светот, натпревар кој за нас е дополнителен мотив и можност за континуиран напредок“, изјави Душко Чифлиганец, проект лидер на 21st Century Zlatibor by Adora.

Хотелот на Адора е сместен во централната зона на Златибор, дизајниран е во вистински автентичен бутик стил, но располага со 108 апартмани, што претставува голем сместувачки капацитет. Златибор е прекрасен туристички ресорт, чија популарност и посетеност забрзано расте години наназад. Скијачкиот центар нуди одлични патеки за скијачки обуки на деца и млади, а самото гратче располага со одлични угостителски локали и пешачки патеки за зимски и летни планински прошетки. Златибор се наоѓа на 450 километри од нашиот главен град Скопје, за што е потребно околу 5 часа возење.



ПредходнаДоларот стабилен, цената на нафтата порасна
СледнаНајголемиот хит на Џеј Рамадановски е дело на Марина Туцаковиќ, а вака изгледа нејзиниот лик во филмот „Недела“ (ФОТО+ВИДЕО)