дома Економија Азески во Софија бара чаре за новата давачка

Азески во Софија бара чаре за новата давачка

128

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој е и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6 CIF), денеска во Софија ќе оствари средба со Цветан Симеонов, претседател на Бугарската трговско-индустриска комора.
На состанокот, покрај темите поврзани со унапредување на можностите за соработка меѓу македонските и бугарските компании, ќе се разговара и за оправданиот страв од нов ценовен шок за македонските компании кои користат природен гас, поради воведената вонредна енергетска такса од 13 октомври, за пренос и транзит на руски природен гас низ бугарскиот гасовод во износ од 10 евра за мегават час.
На средбата ќе стане збор само за делот на закупените количини што не се користат и треба да се ослободат, што е и во согласност со ЕУ директивите, и врз пазарна основа да се даде можност за други извори на снабдување, во случај кога се поскапи изворите каде што се наведени такси.



ПредходнаСрпски производи повторно вратени од хрватска и словенечка граница поради недозволени супстанци
СледнаНе можам да го скријам задоволството што Приштина конечно постапи правилно