дома Економија Доларот стабилен, цената на нафтата порасна

Доларот стабилен, цената на нафтата порасна

58

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути е стабилна, а цените на нафтата надоместија дел од загубите од претходниот тргвоски ден.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,57 поени, додека вчера во овој период од тргувањето изнесуваше 106,58 поени. Индексот на доларот е на пат за добивка оваа недела од околу 0,4 отсто.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,25 на 150,35 јени, блиску до највисокото ниво во една година.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0560 долари, додека вчера во ова време беше 1,0565 долари. Еврото донекаде ослабе бидејќи вчера Европската централна банка (ECB)ги остави каматните стапки непроменети и објави дека инфлацијата во еврозоната се намалува.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 1,46 отсто, на 89,20 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 1,47 отсто, на 84,45 долари.



ПредходнаОстар пад на Волстрит втор ден по ред
СледнаХотелот 21st Century Zlatibor by Adora осамна на најелитните блогови за архитектура и дизајн во светот