дома Свет Не би било соодветно да даваме мислење за последните потези на Израел...

Не би било соодветно да даваме мислење за последните потези на Израел во Газа

58

Белата куќа одбива да даде свое мислење по најавата на израелските воени сили дека вечерва „ги прошируваат“ копнените (и на сите други фронтови) операции во Газа.

„Гледаме, секако, дека Израел презема разни операции на копно во последните неколку дена. Но, уште еднаш, нема да развиваме навика да се вмешуваме од страна од овде за тоа што тие се обидуваат да направат на копно“, изјави портпаролот на американскиот Совет за безбедност – Џон Кирби.

Тој нагласи дека нема да го адресира тоа што Израел го прави на копно, начинот на кој го прави или прогресот што го има или нема.

Потенцираше, меѓутоа, дека САД ќе продолжат со воената поддршка на Израел.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме нивните желби за (воените) способности… и муниција, и тој процес продолжува“, рече Кирби.

Претседателот Џо Бајден, додаде тој, сè уште работи на тоа да осигура хуманитарна помош да влезе во Газа и на цивилите кои сакаат да го напуштат појасот – тоа да им биде овозможено. Според Кирби, уште 10 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа, со што вкупниот број досега е 84.

Извор: CNN

– Реклама –

ПредходнаХамас бара светот „веднаш да дејствува“ и да го запре Израел
СледнаКурти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО