дома Магазин Последната песна на The Beatles со вокалот на Ленон ќе биде објавена...

Последната песна на The Beatles со вокалот на Ленон ќе биде објавена на почетокот на ноември

134

Еден од основачите на британскиот рок-бедн The Beatles, сер Пол Маккартни, изјави дека последната песна на легендарната ливерпулска четворка „Now and Then“ со вокалот на покојниот фронтмен Џон Ленон ќе биде објавена на 2-ри ноември.

„Нумерата ‘Now and Then’ ќе биде објавена ширум светот во четрток на 2-ри ноември… Новото музичко видео за песната Now and Then ќе биде објавено во петок на 3-ти ноември“, се наведува во објавата на Маккартни на неговата офицјална веб-страница.

Музичарот истакнува дека „Now and Then“ е последната песна на The Beatles, која ја напишал и испеал Џон Ленон. Над композицијата продолжиле да работат Маккартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

„… Сега песната конечно е заврпена од Пол и Ринго по повеќе од 40 години“, се вели во пораката на веб-страницата на Маккартни.

Се додава дека на снимката е вокалот на Ленон, како и гитарската делница во изведба на Харисон, снимени шест години пред неговата смрт во 2001 година.

Покрај тоа, на 1-ви ноември ќе објавено и видеото за создавањето на песната со ексклузивните снимки и коментари од членовите на The Beatles, синото на Ленон, Шон Оно-Ленон и режисерот Питер Џексон кој претходно го режираше документарниот филм „The Beatles: Get Back“.



ПредходнаВо сите структури можеби постојат криминалци, но неточно е дека секоја власт си има поддршка од еден картел
СледнаСеверина со голем концерт во Скопје на 30-ти март, следната година