дома Свет „Илон Маск прво нека ги побара заложниците“

„Илон Маск прво нека ги побара заложниците“

78





Израел соопшти дека ќе ја спречи употребата на сателитскиот комуникациски систем Старлинк во Газа, по понудата на технолошкиот милијардер Илон Маск.

Маск вчера рече дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа прекинати поради израелското бомбардирање.

„Хамас ќе го користи за терористички активности. Можеби Маск би бил подготвен да го услови тоа со ослободување на нашите киднапирани бебиња, синови, ќерки, постари луѓе. Сите тие!“, изјави израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи во објава на X.

Маск рече дека системот за сателитски комуникации ќе помогне да се обноват прекинатите комуникации за меѓународно признаените хуманитарни организации активни во Газа.

МИА

– Реклама –








ПредходнаИзраел повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи што се влеваат во Појасот Газа
СледнаПодготвен сум да исполниме сè освен признавањето на Косово