дома Свет Беше тешка ноќ за сите нас

Беше тешка ноќ за сите нас

137





Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше за ситуацијата со киднапирањето на родителите на фудбалерот Луис Дијаз.

Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач не се најде во составот на тимот за натпреварот против Нотингем Форест во 10. коло од Премиер лигата.

– Очигледно моравме да направиме доцни промени во тимот поради личната ситуација на Луис Дијаз. Беше тешка ноќ за сите нас. Ова никогаш претходно не се случило во моите тимови. Ова е ново искуство за кое никој не се радува, изјави Клоп за „BBC“.

Претходно се дозна дека родителите на Дијаз биле киднапирани во Колумбија. Мајката на играчот била спасена речиси веднаш, а според локалните медиуми, таткото попладнево е ослободен по престрелката на полицијата со киднаперите.

МИА

– Реклама –








ПредходнаРусија може да заплени многу повеќе европски имот отколку тие руски
СледнаИзраел ги премина црвените линии што ќе ги принудат сите да дејствуваат