дома Македонија Власта ќе носи нов закон за заштита на деловни тајни за да...

Власта ќе носи нов закон за заштита на деловни тајни за да си го покрие криминалот со коридорите 8 и 10д

45





Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека бил информиран дека власта подготвува нов закон со кој се заштитуваат деловните тајни, но сè уште го нема добиено. Тој смета дека овој закон е поврзан со проектот за изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д.

„Мислам дека тоа е поврзано со еден проект, за којшто велеа дека е деловна тајна, а ние велевме дека не е деловна тајна, а тоа е проектот за изградба на делниците 8 и 10д. Таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат сето тоа како да го покријат и претпоставувам во ова брзање ќе донесат таков закон“, вели Мицкоски.

Ваков закон, дополни тој, „нема така да помине, доколку не е злоупотребено европското знаменце“.

„Ако го злоупотребат повторно европското знаменце, тогаш со промената следната влада има сериозна намера сето тоа да го корегира“, рече Мицкоски од Лозово, каде е во посета во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

МИА

– Реклама –








ПредходнаКривични пријави за нелегална наплата на паркинг во близина на поликлиниката Бит Пазар
СледнаРаст на индустриското производство од само 0,7 отсто