дома Популарно И бабата ѝ подлегна на отруената пита со праз, издадена наредба за...

И бабата ѝ подлегна на отруената пита со праз, издадена наредба за обдукција

155





Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79-годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје.

Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.

„Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија“, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

– Реклама –








ПредходнаПроширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е еден од приоритетите на ЕК
СледнаОпределени 13 ефективни притвори, еден куќен притвор и 12 мерки на претпазливост за случајот „Синџир“