дома Технологија Канада ја забрани популарната кинеската апликација „ВиЧет“ на владини уреди

Канада ја забрани популарната кинеската апликација „ВиЧет“ на владини уреди

51
Фото: Photo by Adem AY on Unsplash

Канада забрани да се користи кинеската апликација „WeChat“ (ВиЧет) на службените телефони на вработените во канадската влада. Изразена е загриженост околу безбедноста на податоците на корисниците на апликацијата, известува Би-би-си.

„ВиЧет“ често се опишува како апликација и социјална мрежа која се користи за сѐ – праќање пораки, одржување видеоконференции, како и плаќање. Таа е една од најкористените апликации во светот, со над милијарда активни корисници. Популарна е во Кина, но и меѓу кинеската дијаспора.

Сѐ уште нема потврдени докази дека канадските владини податоци биле компромитирани преку апликацијата, рече Анита Ананд, претседателка на Трезорскиот одбор на Канада.

„Пристапот кој го преземаме кон сајбер безбедноста е заснован на потенцијалниот ризик“, рече Ананд.

Дополнително, Канада презема исти мерки и околу руската компанија за сајбер безбедност „Kaspersky“ (Касперски).

Двете апликации ќе бидат отстранети од владините уреди, а идните преземања ќе бидат блокирани.

Иако „ВиЧет“ не привлекува големо внимание во јавноста како ТикТок во однос на безбедноста на податоците бидејќи не е толку користена, според некои експерти, „ВиЧет“ претставува дури и поголема опасност.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде со извршна наредба да ја забрани апликацијата во 2020 година, но не успеа.

ПредходнаДневен хороскоп (31.10.2023) | NetPress
СледнаАнгеловска-Бежоска за Денот на штедењето: Депозитите на граѓаните се показател за високата доверба во банките и денарот