дома Црна хроника Кривични пријави за нелегална наплата на паркинг во близина на поликлиниката Бит...

Кривични пријави за нелегална наплата на паркинг во близина на поликлиниката Бит Пазар

53

Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225 и кривично дело „бесправно градење” од чл.244-а од КЗ.

На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.



ПредходнаМуслиманите во САД гласот за Бајден го условуваат со примирје во Газа
СледнаВласта ќе носи нов закон за заштита на деловни тајни за да си го покрие криминалот со коридорите 8 и 10д