дома Свет Четириесет земји на чело со САД планираат да потпишат ветување дека никогаш...

Четириесет земји на чело со САД планираат да потпишат ветување дека никогаш нема да плаќаат откуп на хакери

53





Четириесет земји предводени од САД планираат да потпишат ветување дека никогаш нема да плаќаат откуп на кибер криминалците и оти ќе работат на елиминирање на механизмите за финансирање на хакерите, изјави денеска заменик советничката за национална безбедност на САД задолжена за кибер и новите технологии Ен Нојбергер.

Меѓународната иницијатива за борба против уценувачкиот софтвер доаѓа во време на зголемен број такви напади ширум светот.

– САД се најтешко погодени, со 46 отсто од ваквите напади. Сè додека парите течат кон криминалците од уценувачките софтвери, тоа е проблем што ќе продолжи да расте, изјави Ен Нојбергер на виртуелниот брифинг.

Во нападите со уценувачки софтвери, хакерите ги шифрираат системите на организациите и бараат откуп во замена за нивно отклучување. Тие често крадат чувствителни информации и ги користат за да ги уценуваат жртвите и се закануваат дека ќе ги објават на интернет доколку не биде платен откуп.

Во изминатите два месеца во САД беа нападнати операторот на казиното „МГМ Ресортс интернешнл“ (MGM Resorts International) и производителот на артикли за чистење „Клорокс“ (Clorox).

Новата иницијатива има за цел да го поткопа криминалното финансирање преку подобро споделување информации за сметките за откуп, истакна Нојбергер.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПриведен маж од валандовско, возел со 3.53 промили алкохол во крвта
СледнаАД ЕСМ се подготвени за претстојната грејната сезона